Матија Калдара минатото лето пристигна во Милан како големо засилување и требаше да биде замена за Бонучи, но немаше среќа со повредите.
Калдара одигра само еден меч за „росонерите“ и заработи тешка повреда на коленото, а откако се врати веднаш ја обнови повредата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После 18 месеци рехабилитација Калдара е спремен за игра, но Милан реши да го испрати на позајмица и тоа во Аталанта каде Италијанецот ја доживеа својата афирмација.
24-годишниот дефанзивец се враќа во Аталанта на 18-месечна позајмица со право на откуп, со цел да ја „оживее“ својата кариера во Бергамо.
Милан е во потрага по нов дефанзивец, со надеж дека Калдара ќе ја „оживее“ кариерата и ќе може да се врати на „Сан Сиро“ во одлична форма.