
ФНЦ ќе ја затвори годината во Риека со две шампионски борби. Настанот ФНЦ 36 е закажан за 19 декември во салата „Младост“, а организацијата веќе ги објави главните двојки за оваа вечер.
Во центарот на програмата ќе биде дуелот во полутешка категорија. Актуелниот првак Јакоб Недох ќе го брани појасот против Том Брис, во мечот што е одреден за главна борба на настанот.
Својот шампионски статус ќе го става на тест и Камил Краска. Негов противник во борбата за титулата во велтер-категорија ќе биде Лауреано Старополи. Така, публиката во Риека ќе следи две одбрани на појаси во различни тежински категории.
Меѓу објавените двојки е и настапот на Тириел Лука Абрамовиќ, еден од милениците на риечката публика и перспективен борец на регионалната сцена. Тој ќе влезе во кафезот со Бартоломеј Гладкович, во уште една од најавените пресметки за декемвриската програма.
Пред завршниот настан во Риека, на ред е ФНЦ 35 во Подгорица, кој ќе се одржи викендов. Сепак, со објавувањето на трите двојки, веќе е познато јадрото на програмата со која организацијата ќе ја заокружи годината.
Фото: Telegraf