
Луксембург е првиот противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство во ракомет во 2028 година. Натпреварот е на програмата на 4 ноември 2026 година, со почеток во 19 часот.
Со дуелите на 4 и 5 ноември се отвора квалификацискиот циклус за шампионатот што заеднички ќе го организираат Шпанија, Португалија и Швајцарија. Во квалификациите учествуваат 32 национални селекции, распределени во осум групи.
Воведното коло опфаќа вкупно 16 натпревари, по осум во двата натпреварувачки дена. Прва на распоредот е средбата меѓу Хрватска и Литванија, а македонската репрезентација ќе настапи во истиот термин во кој Фарските Острови играат против Косово.
- 17:00 – Хрватска – Литванија
- 18:00 – Австрија – Турција
- 18:00 – Словенија – Босна и Херцеговина
- 18:00 – Чешка – Израел
- 18:00 – Полска – Летонија
- 19:00 – Фарски Острови – Косово
- 19:00 – Македонија – Луксембург
- 19:30 – Исланд – Украина
- 16:30 – Србија – Естонија
- 18:00 – Норвешка – Грузија
- 18:00 – Унгарија – Црна Гора
- 18:30 – Шведска – Грција
- 19:30 – Холандија – Финска
- 19:30 – Италија – Словачка
- 20:00 – Франција – Романија
- 20:30 – Германија – Белгија
Фото: Handball-Planet