Дома Фудбал Италија Милан ги повика играчите на прегледи, тренинзите почнуваат за два дена

Милан ги повика играчите на прегледи, тренинзите почнуваат за два дена

Италијанскиот гигант Милан денес ги повика своите фудбалери на лекарски прегледи и за два дена тимот повторно ќе се врати во тренажен процес.

Италија беше најмногу погодена од пандемијата со коронавирус, но полека мерките се олабавуваат, па фудбалските клубови ќе почнат да се враќаат на тренинзи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Клубовите добија дозволи да тренираат во тренинг-центрите, но ќе мора да ги почитуваат правилата и мерките кои им се препорачани.

„Скај Спортс“ објави дека играчите на Милан имаат закажани медицински прегледи во тренинг-центарот, а во четврток се очекува да продолжи тренажниот процес според определен протокол.

Од тимот недостигаат само Златан Ибрахимовиќ и Франк Кеси, кои се надвор од државата, но се очекува наскоро да им се приклучат на останатите соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…