Според информациите на „Газета дело Спорт“ Милан покажал голем интерес за 20 годишниот Доиник Шобозлаи.
Играчот за врска на Ред Бул Салзбург сезонава на 11 натпревари во сите натпреварувања постигна пет гола и подели осум асистенции, па така на себе го сврте вниманието на големите клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Иако има само 20 години, Шобозлаи веќе две години игра на високо ниво во Салзбург. Во квалификациите за Лигата на шампионите беше клучен играч, а одличен беше и во двата натпревари во групите од ЛШ. Станува збор за комплетен играч кој нема некоја очигледна мана“, пишува „Газета“.
Италијанците тврдат дека ова не е првпат Милан да покаже интерес за Шобозлаи.