Раководството на Милан работи на трансферот на плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар, пренесуваат француските медиуми.
24- годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но реши да остане во Лион.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ауар влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе од јануари може да преговара со заинтересираните клубови.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и француските медиуми пренесуваат дека Милан е во пол-позиција за неговиот потпис.
Самиот Ауар преферира преселба на „Сан Сиро“ и е спремен да ги одбие сите други понуди кои ќе пристигнат на негова адреса.
📰 @MatteMoretto: AC Milan in pole position to sign Aouar pic.twitter.com/RYt1DgfuNu
— Milan Posts 🏆🇮🇹 (@MilanPosts) January 17, 2023