Фудбалерите на Милан во недела на гости ќе го играат дербито од осмото коло во Серија А против Наполи.
„Росонерите“ се во проблеми бидејќи тренерот Стефано Пиоли е заразен со коронавирусот, а утрово позитивен беше и неговиот помошник Џакомо Мурел кој ги водеше тренинзите на Милан во претходните денови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека Пиоли скоро сигурно ќе го пропушти мечот со Наполи, а дополнителен удар е што ниту Мурел не ќе може да биде на клупата.
„Газета дело Спорт“ открива дека Пиоло пронашол ново решение и тренер на Милан ќе биде неговиот втор помошник Даниеле Бонера.
Интересно е што поранешниот фудбалер на Милан е само неколку месеци постар од Ибрахимовиќ кој е главен играч на Милан сезонава.