Дома Фудбал Италија Милан беше најдобар во светот, а потоа Берлускони направи голема грешка!

Милан беше најдобар во светот, а потоа Берлускони направи голема грешка!

Италијански Милан беше најдобриот европски клуб, постијано играше во завршницата од Лигата на шампиони, а во домашното првенство ретко кој можеше да им парира на „росонерите“.

А тогаш Силвио Берлускони направи грешка поради која и денес му префрлаат милиони фаноби ширум светот. Го продаде играчот кој беше темел на успесите на италијанскиот гигнат, и од тој момент се тргна по лошо..


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој играч веќе погодувате е Рикардо Кака – некогаш најдобриот играч на светот, а денес веќе на залез на кариера. Бразилецот беше лидер на Милан, од него зависеше играта на тимот, а потоа Силвио однеднаш одлучи да го продаде и ја направи веројатно најголемата грешка.

Големиот претседател имаше грешки и пред и после Кака. Милиони безпотребно беа фрлани на играчи со сомнителни способности, заминуваа и други големи фудбалери од Милан, но никогаш ни едно заминување не остави толку големи поседици. Толку големи што Милан до денес не успеа да се опорави.

Кака тогаш за 72 милиони евра замина во Мадрид, но никогаш не се пронајде во Реал. Освои неколку важни трофеи, но никогаш не го стекна угледот и важноста која ја имаше на Апенините.

Денес игра во САД во дресот на Орландо и е на залез на кариерата, а Берлсукони и понатаму живее во надеж дека набрзо ќе го открие новиот Кака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…