Дома Трансфер зона Миланско дерби за потписот на Ракитиќ

Миланско дерби за потписот на Ракитиќ

Хрватскиот плејмејкер Иван Ракитиќ на лето сигурно ќе ја напушти Барселона, а европските гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Барселона е подготвена да го продаде искусниот играч. За неговите услуги бара 20 милиони евра, а таа сума се спремни да ја платат неколку клубови ширум Европа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Манчестер Јунајтед, Јувентус и Севиља од поодамна се заинтересирани за Хрватот, а сега во трката за неговиот потпис се вклучија и миланските гиганти.

Милан и Интер веќе стапиле во контакт со неговиот агент и ја разгледуваат можноста да испратат понуда во наредните недели.

Овој 32-годишен фудбалер во Барселона пристигна од Севиља во 2014 година, а на Камп Ноу освои се што можеше да се освои. Ракитиќ за каталонскиот великан одигра вкупно 299 натпревари и постигна 35 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…