Манчестер Јунајтед ова лето ќе претрпи големи промени на тимот, а еден од играчите кои можат да го напуштат „Олд Трафорд“ е и Немања Матиќ.
Српскиот репрезентативец не ужива голема доверба кај тренерот Солскер, па би можел да го напушти Манчестер Јунајтед пред истекот на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Матиќ во наредните денови ќе има состанок со Солскер на кој ќе разговара за својата иднина и плановите за новата сезона.
За него најсилен интерес покажуваат миланските гиганти Милан и Интер, кои се во потрага по квалитетно засилување за средниот ред.
Милан веќе имал состанок со неговиот агент и му нуди клучна улога во новиот проект, додека Конте лично разговарал со Матиќ и сака повторно да соработуваат.
Сепак, се ќе зависи од одлуката на Манчестер Јунајтед, бидејќи Матиќ има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до 2020 година.
Nemanja Matić wants to hold talks with Ole Gunnar Solskjaer to discuss his future, with both Milan clubs interested in the midfielder. (Source: ESPN) pic.twitter.com/2W96ocL9Lt
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 5, 2019