Дома Трансфер зона Миланско дерби за напаѓачот на Наполи

Миланско дерби за напаѓачот на Наполи

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик би можел да се пресели во Милано во зимскиот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“.

Милик влезе во последната година од договорот, но ова лето не го напушти Наполи, иако беше на излезна врата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Наполи сака во јануари да го продаде 26-годишниот напаѓач, бидејќи тоа е последната шанса да заработи од неговото заминување.

Милик нема ниту една одиграна минута оваа сезона и сака што побрзо да ја промени средината, а Интер и Милан сакаат да ја искористат таквата ситиација и да го донесат во Милано.

Наполи за слободата на Полјакот бара 15 милиони евра, но миланските гиганти сакаат да платат само симболична сума од 5 милиони плус бонуси за Милик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…