Дома Останати Авто Мото Мик Шумахер: Чест ми е што ме споредуваат со мојот татко, тој е најдобриот возач во историјата

Мик Шумахер: Чест ми е што ме споредуваат со мојот татко, тој е најдобриот возач во историјата

Германскиот возач Мик Шумахер изјави дека е почестен што го споредуваат со таткото Михаел кој е рекордер по бројот на шампионски титули во Формула 1 и дека не чуствува никаков притисок поради тоа.

Мик Шумахер е син на седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел тој тргна по стапките на својот татко откако неодамна премина во академијата на Ферари и се припрема за првата сезона во шампионатот во Формула 2.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тој минатата година ја освои титулата во европската Формула 3.

„Никогаш не ми претставува проблем кога ме споредуваат со мојот татко. Тоа е прилично едноставна споредба со најдобриот возач во Формула 1, цел која сакате да ја остварите. Чест ми е што ме споредуваат со него , бидејќи можам да учам и да се обидувам да напредувам“, изјави 19 годишниот Шумахер.

Првите тројца од минатогодишниот шампионат на Ф2, Џорџ Расел, Ландо Норис и Александар Албон оваа сезона ќе се натпреваруваат во Формула 1.
Шампионатот во Формула 3 започна со трката во Бахреин на 31 март.

Бидејќи вози за академијата на Ферари, се очекува Мик оваа година да тестира болиди од Формула, најверојатно за екипата на Алфа Ромео.

„Можам многу да научам во Ферари, сите тука имаат големо искуство. Моите први впечатоци за Ферари беа пријатни, ме примија како некое семејство од кое секогаш сум бил дел. Мислам дека таа комбинација е многу позитивна“, наведе Шумахер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ферстапен доби јасна порака од Мерцедес, сега е тој на потег!

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волфс зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон к…