Дома Фудбал Англија Мидлзборо го загуби трпението – Каранка доби отказ!

Мидлзборо го загуби трпението – Каранка доби отказ!

Поради серијата на лоши резултати англискиот фудбалски клуб Мидлзборо одлучи да му врачи отказ на тренерот Аитор Каранка.

Шпанецот во последните три и пол години го предводеше Мидлзборо, со кого минатата сезона избори пласман во Премиер лигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Екипата во наредниот период ќе ја предводи помошникот на Каранка, Стив Агњу, потврди клубот.

Мидлзборо на последните 10 натпревари во Премиер лигата не знае за победа и 11 кола пред крајот на првенството се наоѓа на 19-то место со заостануње од три бода од „сигурната зона“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дел Пјеро бесен по новата елиминацијата, а еден цитат посебно ги боли Италијанците!

Азурите продолжуваат да се лизгаат уште подлабоко, иако како веќе да нема каде да одатR…