Кошаркарите на МЗТ претрпеа уште еден пораз, шести сезонава во истот толку натпревари, овој пат во Загреб, од Цедевита 95:61.
МЗТ во Загреб на Цедевита и парираше само во воведните четири минути, кога водеше 9:4 и 11:6, а се понатаму мина во знакот на домашниот тим.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Целосно фијаско МЗТ доживеа во второто полувреме кое Цедевита го доби со 28 поени разлика.
До крајот на натпреварите во групата МЗТ ќе игра против Нижњи Новгород во Скопје и Гран Канарија во гости.
Против Цедевита Лалиќ (14 поени) и Синовец (10 поени) беа најефикасни во редовите на МЗТ.