Поради неспортско однесување и омаложување на клубот управата на МЗТ го раскина договорот со Џабари Хиндс кој повеќе нема да биде дел од тимот.
„Плејмејкерот добро ја почна сезоната, но потоа од натпревар во натпревар играше сѐ полошо, за во последниот период да почне да се однесува онака како што не му доликува на еден професионалец. Трпението кулминира со неговото отворено потценување на домашното првенство и гласното негодување секогаш кога требаше да настапи на мечевите од Првата лига. Згора на тоа, Хиндс на последните пет средби на домашна сцена постигна вкупно 20 поени или четири поени во просек, што е само доказ за неговото незалагање на овие натпревари“, стои во соопштението од клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Воедно, Металците открија и дека американскиот плејмејкер непрофесионално се однесувал во изминатиот период, имал бурен ноќен живот и покажам непочитување кон мак-баскетот.