Дома Фудбал Англија „Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а сега сум безвреден?“

„Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а сега сум безвреден?“

Настапите на бразилскиот играч за врска Касемиро во Манчестер Јунајтед се под знак прашалник и тој се повеќе е мета на критики oд навивачите.

Во интервју за „Скај Спорт“ Касемиро истакна дека критиките ги смета и за добра работа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Критиката е дел од фудбалот, а јас сум секогаш многу смирен. Кога станува збор за конструктивна критика, таа е секогаш добредојдена. Посебно во фудбалот, кога ќе играш на високо ниво 10 години и кога ќе паднеш во формата нормално е да има реакции“.

Ги разбира критиките, но не поднесува недостаток на почит.

„Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата минатата сезона, а сега сум безвреден? Тоа е осуда без почит, кога нешто не се почитува тоа е загрижувачки. Во моментите кога се чувствувам омаловажено од некои луѓе ја губам и почитта кон нив“, изјави Бразилецот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Откажан контроверзниот натпревар кој Барселона требаше да го одигра во Мајами

Долго очекуваниот натпревар на Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона кој требаше да се одржи…