Jaпонецот, Теншин Насукава за разлика од Флојд Мејведер со нетрпение ја чека нивната борба или егзибиција како што тоа го нарече Флојд.
Непоразениот боксерски шампион (50-0) иако во прв момент се откажа, потоа сепак потврди дека ќе се бори против Јапонецот Насукава во Ризин.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Мејведер најави дека станува збор за една егзибиција која добро ќе ја наплатат и двајцата. Но, за неговиот противник ова е голема борба.
„Започнувам со тренинзи. Спремен сум да го нокаутирам. Апсолутно ќе го нокаутирам“, самоуверено најави јапонскиот кик-боксер кој во текот на викендот стигна до 28 победа во неговата кариера во која е без пораз.
Tenshin Nasukawa def. Taiki Naito via first round TKO (3 knockdowns) #RISE129 pic.twitter.com/iKCc7W3xNM
— Streetfight Bancho (@streetfitebanch) November 17, 2018