Поранешниот светски шампион во бокс Флојд Мејведер ја соопшти сумата за која би се борел против ММА ѕвездата Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов.
Еден од најголемите боксери на сите времиња во 2017 година одработи боксерски меч со Мекгрегор и од тогаш констатно се поврзува со ѕвездите во ММА. Пред неколку изјави дека би се борел и со Кабиб и со Конор во ист ден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
43 годишниот Американец за борби против двете ММА ѕвезди бара 600 милиони долари, односно по 300 од борба.
„Разговарав со Дајна Вајт за борби против Конор и Кабиб. Јас сакам 600 милиони долари. Сакам ризикот да ми се исплати ако се решам на такво нешто. Во овој момент во боксот нема смисла да се борам со некој обичен борец. Јас сум бизнисмен. Борба со Конор би имала смисла и би донела пари. Не гледам зошто би се борел со некој кој зад себе го има само градот. Ако ме сакаат мене тогаш зад мојот противник мора да стои цела држава“, порача Мејведер.
Мејведер од борбата со Конор во 2017 година заработи неверојатни 300 милиони долари ако се случи да видиме двојна програма, тоа за Флојд би била најголемата заработка во кариерата. Сепак, прашање е дали ќе се најде некој кој ќе сака да ја плати таа сума.