Македонскиот и европски шампион Вардар ја оправда фаворитската улога и буквално го прегази тимот на Мешков Брест во полуфиналето од СЕХА лигата.
Во спортскиот центар „Јане Сандански“ Вардар со резултат од 33:24 го победи Мешков Брест и се пласираше во финалето каде што ќе го чека противникот од вечерашниот натпревар помеѓу Загреб и Цејле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар во првиот дел како да не го покажа целиот свој квалитет и „педалата за гас“ ја стисна во вториот дел. По првиот половина час игра „црвено-црните“ имаа предност од само три голови разлика 17:14.
Сепак, на самиот старт од вториот дел Вардар покажа дека е подобар тим и по десет минути игра стигна до предност од 22:14. Крајниот резултат на крајот гласеше 33:24.
Лука Циндриќ беше човекот кој беше најдобар стрелец со шест голови, а по пет постигнаа Карачиќ, Чупиќ и Шишкарев.
Фантастичен на голот и на оваа средба беше Арпад Штербик кој стигна до бројката од 18 одбрани.