Денес продолжуваат натпреварите од осминафиналето на Европското првенство, а во фокусот секако ќе биде дуелот помеѓу Шпанија и Грузија.
Шпанците оставија најдобар впечаток
Шпанците се репрезентација која до сега остави најдобар впечаток на ЕП. Запишаа три победи во групната фаза и покажаа дека се доминантни во сите сегменти од играта. Во овој дел од костурот се и други фаворити како Франција, Португалија, па сега сите се плашат од Црвената фурија. Против Албанија во последното коо покажаа дека имаат квалитетни резерви, а самодовербата е на највисоко ниво. Шпанците се големи фаворити во овој дуел бидејќи има голема разлика во квалитет и немаат право на кикс. Пред само неколку месеци ја победија Грузија со 7:1, па тоа ќе им даде додатна самодоверба.
Грузуја е хит на првенството
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Грузијците се апсолутен хит на оваа ЕП и ги собраа симпатиите на сите љубители на фудбалот. Направија сензација со победата над Португалија, но покажаа дека имаат квалитет, а и знаат да се борат за нацијата. Го имаат најдобриот стрелец на првенството до сега Микаутадзе кој постигна три гола во групната фаза, а тука е секако Кварацхелија кој е „страв и трепет“ за секоја одбрана. Селекторот Сањол вели дека никој уште не е свесен каков успех е ова за Грузија, па за оваа репрезентација осминафиналето против Шпанија ќе биде 'бонус' каде што ќе се обидат да направат уште едно чудо. Сепак, мали се шансите Грузија да приреди нова сензација.
Очекување
Шпанија е голем фаворит според квалитетот и искуството и веруваме дека ќе ја оправда фаворитската улога, но Грузија нема лесно да се предаде.