Германскиот фудбалер Месут Озил повќе не е член на Арсенал.
Скоро осум години Озил помина во Арсенал и сега конечно е договорено раскинување на соработката па фудбалерот како слободен играч ќе премине во Фенербахче.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Озил имаше договор до лето, но од поодамна е отпишан од Артета. И покрај то тој немаше намера да си замине, така беше се додека не започна да преговара со Фенербахче.
Озил веќе во Истанбул и утре би требало трансферот да биде официјализиран.
Во редовите на Арсенал дојде во 2013 година за 47 милиони евра од Реал Мадрид и за „топџиите“ одигра 184 натпревари во Премиер лигата, постигна 33 гола и запиша 58 асистенции.