Фудбалерите на Галатасарај во 24. коло од турската Супер лига гостуваа кај лутиот ривал Фенербахче каде славеа со 1:0.
Како и обично, дуелот помеѓу Фенер и Галата привлече големо внимание во Турција, а на теренот беше беше возбудливо од печетокот до крајот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во ваквите натпревари обично тешко се поднесуваат поразите, а Фенер денеска е тој кој мораше да му честита на ривалот и да му го препушти првото место на табелата, иако и двата тима имаат по 48 бода.
Јунак за Галата беше Мустафа Абдалах кој во 54. минута ја затресе мрежата на Фенер за голема победа на својот тим.
За Фенер од 63. минута играше и Месут Озил. Домашниот тим успеа да изедначи во 75. минута, но голот на Туфан беше поништен поради офсајд после консултација со ВАР собата.
GOOOOOOOOOOLL..
— Ufuk (@eknc_ufk) February 6, 2021
Mustafa Muhammed helal beee!! #FBvGS #Galatasaray 💛❤ pic.twitter.com/lauV7oMCyY