Дома Фудбал Меси шутираше паненка во пенал серијата на Копа. Погледнете како заврши

Меси шутираше паненка во пенал серијата на Копа. Погледнете како заврши

Во својот 184. настап за Аргентина, Лионел Меси (37) храбро го отвори пенал-рулетот во четврт-финалето на Копа Америка.

Аргентинците и Еквадорците со пенали мораа да одлучат кој оди во полуфиналето, откако натпреварот заврши 1:1.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Меси прв ја презеде одговорноста. Сепак, неговиот обид за паненка заврши на гредата. Ова е прв неуспешен пенал за Меси од СП 2022. Тогаш против Полска во групата, неговиот удар од 11 метри го одбрани Војчех Шчесни.

Меси на крајот беше спасен од Емилијано Мартинез. Голманот на Аргентина повторно беше, како и на последното издание на Копа и Светско првенство, херој на пенал серијата и со две одбрани ја донесе својата репрезентација во полуфиналето. Таму Аргентина го чека подобриот од мечот меѓу Канада и Венецуела.

Messi Misses first Penalty vs Ecuador
byu/Redditname97 insoccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Алкантара стави крај на кариерата

Шпанскиот репрезентативец со бразилско потекло, Тиаго Алкантата одлучи да стави крај на пр…