Лионел Меси поради полесна повреда ги пропушти пријателските натпревари на Аргентина, а сега медиумите пишуваат и дека под знак прашалник е доведен неговиот настап против Севиља.
Имено, Барселона ја очекува натпревар против Севиља во првенството на Шпанија и за оваа средба би можеле да останат без услугите на својот најдобар фудбалер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
За среќа на Барселона како што споменавме станува збор за полесна повреда и се очекува Меси со сигурност да биде спремен за натпреварот против Рома во Лигата на шампионите.
Меси ќе патува со тимот во Севиља, но прашање е дали Ернесто Валверде ќе ризикува со првата ѕвезда на тимот.
Натпреварот помеѓу Барселона и Севиља се игра во сабота со почетокот во 20:45 часот, во истиот термин во среда на програмата е натпреварот против Рома.