Дома Фудбал Останато Меси: Никогаш нема да ја заборавам асистенцијата на Роналдињо за мојот прв погодок

Меси: Никогаш нема да ја заборавам асистенцијата на Роналдињо за мојот прв погодок

Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси минатиот викенд дојде до неверојатна бројка од 400 постигнати гола во Ла Лига.

Меси продолжи да поставува неверојатни рекорди од натпревар во натпревар, а сега е единствен играч во историјата на Ла Лига кој постигна 400 гола. Аргентинецот по натпреварот изјави дека е горд на овие резултати, но дека се фокусира да постави што повеќе рекорди и дека екипата му е на прво место.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Многу сум горд што успеав да дадам 400 гола во Ла Лига и се надевам дека ќе постигнам многу голови. Не сум премногу фокусиран на рекорди и цифри, бидејќи сакам фокусот да ми биде на тоа секојдневно да работам и напредувам. За мене секој натпревар е нов предизвик“, изјави Меси.

Аргентинецот се потсети и на својот прв гол во дресот на Барселона во домашното првенство кој го постигна против Албасете на 1. мај 2005. година кога му асистираше Роналдињо.

„Никогаш нема да ја заборавам асистенцијата на Роналдињо за мојот прв гол во Ла Лига. Тоа е доказ дека без помошта на соиграчите не би било можно да постигнам толку гола“, додаде Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…