Дома Фудбал „Меси не трчаше во одбраната, поради него примавме многу голови“

„Меси не трчаше во одбраната, поради него примавме многу голови“

Лионел Меси вчера беше промовиран како нов играч на ПСЖ и тоа донесе голема еуфорија во Париз, а тага во Барселона, сепак Кике Сетиен, човекот кој не се прослави во Каталонија како тренер му најде забелешка на Аргентинецот.

Сетиен тренер на Барселона беше од јануари до август 2020 година, доби отказ по поразот од Баерн Минхен со 8:2.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


„Во Барселона затекнав ситуација каква што немав видено 30 години, во соблекувалната немаше добра атмосфера. Често се прашував дали такво нешто ми требаше. Меси со своите мајстории знаеше да решава мечеви, но не сакаше да трча и поради него примавме голови. Тоа беше навистина проблем за екипата“, изјави Сетиен.

Сепак, тешко дека овие зборови на Сетиен некој ќе ги сфати сериозно, Меси во Барселона помина 21 година, а тој се задржа на клупата неколку месеци и не освои ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан со девет голови го декласира Перт во Австралија (Видео)

Фудбалскиот гигант Милан покажа импресивна форма на пријателскиот натпревар против австрал…