Дома Фудбал Меси и Суарез би можеле повторно да заиграат во ист клуб?

Меси и Суарез би можеле повторно да заиграат во ист клуб?

Лионел Меси се уште не одлучил дали ќе го продолжи договорот со Барселона или на крајот од сезоната ќе си замине без оштета.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси уште во текот на летото сакаше да ја напушти Барселона, но тоа не му беше овозможено. Но, на кајот на оваа сезона ако Меси се уште има желба да го напушти клубот Барселона не ќе може да го спречи.

Во последно време многу се шпекулираше за тоа каде Меси ќе ја продолжи кариерата, а во тој контекс се поврзува со Манчестер Сити и ПСЖ. Меси во неделата имаше интервју за телевизијата „Ла Секста“ и кажа дека одлуката за тоа дали ќе остане или ќе замине ќе ја донесе на крајот од сезоната.

Исто така во споменатото интервју Меси порача и дека еден ден би сакал да игра во МЛС лигата. И не требаше долго за шпанските медиуми да почнат да шпекулираат на оваа тема. Утрово се појави информации дека Луис Суарез и Меси би можеле повторно да заиграат заедно во ист клуб и тоа во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Меси и Суарез се големи пријатели, а дали и повторно ќе бидат соиграчи ќе покаже времето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик завршува два спектакуларни засилувања за 150 милиони евра

Манчестер Јунајтед е во многу добра позиција да потпише два клучни играчи за наредната сез…