Како што пренесуваат дека англиските и шпанските медиуми, Лионел Меси и раководството на Барселона ги поставиле приоритетите кога е во прашање летниот трансфер пазар.
Првата задача е да се пронајде сериозно и долгорочно решение за позицијата десен бек. Имено, на таа позиција има „дупка“ после заминувањето на Дани Алвеш во Јувентс.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Во недостаток на подобро решение, оваа критична позиција во тимот ја покрива Серџи Роберто иако тоа не е негова позиција.
Медиуите пренесуваат дека најголемата желба на Меси е Хектор Белерин од Арсенал, кој во Лондон пристигна во 2011 година токму од Барселона. Имено, првата ѕвезда на тимот им предложил на раководните луѓе да се обидат по секоја цена да го вратат на „Камп Ноу“.
Доколку не успеат да го договорат трансферот на Белрин Каталонците имаат „план Б“, а тоа е играчот на Челзи Цезар Аспиликуета.