Дома Топ вести Меси и Гвардиола за малку ќе завршеле во Мадрид

Меси и Гвардиола за малку ќе завршеле во Мадрид

Претседателот на Гетафе, Анхел Торес во интервју за „Марка“ откри дека Лионел Меси и Пеп Гвардиола требало да завршат во неговиот клуб.

Торес бил во одлични односи со поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта и разговарале за Меси да биде позајмен во Гетафе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во првата или втората сезона на Меси во првиот тим, малку недостигаше да дојде на позајмица кај нас во Гетафе. Но, на крај работата ја расипа Франк Рајкард, кој одлучи да го задржи“, откри Торес.

Рајкард во 2008 година доби отказ, а Барселона планирала да го донесе тогашниот тренер на Гетафе Михаел Лаудруп. Според договорот Каталонците требало да го испратат во Мадрид Пеп Гвардиола кој тогаш беше тренер на Барса Б.

„Сакавме да го ангажираме Гвардиола, кој беше тренер на Барселона Б. Во тој момент, Жоан Лапорта не беше убеден дека Пеп е вистинско решение за неговиот тим. Планот им беше да го ангажираат Лаудруп, а ние да го доведеме Гвардиола“, истакна Торес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …