Дома Фудбал Лига на шампиони Меси искрен: „Ќе биде тешко на Енфилд“

Меси искрен: „Ќе биде тешко на Енфилд“

Петократниот освојувач на Златната топка, Лионел Меси по спектакуларната победа против Ливерпул од 3:0 изјави дека се уште не е готово и дека Каталонците ги очекува тежок реванш на „Енфилд“.

„Среќен сум поради резултатот, но не очекува тешко гостување на Енфилд. Ливерпул е одличен тим, го покажа тоа и на овој натпревар и сигурно дека силно ќе не нападне“, изјави Меси.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Тој додаде дека доаѓа најважниот дел од сезоната и ги критикуваше навивачите кои му свиркаа на Кутињо.

„Тоа не беше убаво, во овој дел од сезоната мораме сите да бидеме обединети“.

Конечно, Меси ја искоритси и приликата да му испрати поддршка на поранешниот голем ривал од Реал, голманот Икер Касиљас, кој вчера на тренингот на Порто дожвиеа инфаркт.

„Сакам да му испратам прегратка и поддршка на Икер, со желба побрзо да закрепне“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Милан заинтересиран за дефанзивецот на Удинезе

Милан се интересира за трансфер на дефанзивецот на Удинезе Томас Кристенсен, јавува “Гадзе…