Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез наводно се обиделе да го убедат Нејмар да не си заминево ПСЖ, пред Бразилецот за рекордна сума да го напушти каталонскиот клуб.
Според пишувањата на „Sport“, Меси и Суарез разговарале со Нејмар за време на турнејата во САД и му кажале дека ќе му помогнат да ја освои Златната топка. „Што сакаш? Ја сакаш Златната топка? Остани и ќе ти помогнеме, ќе ја добиеш“, Меси му рекол наводно на Нејмар.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Во истиот текст се наведува дека Нејмар е опседнат со идејата да биде прогласен за најдобар фудбалер во светот и дека Меси му ветил дека ќе му помогне да ја постигне таа цел. До состанок помеѓу Меси, Суарез и Нејмар, наводно, дошло на 21. јули, пред дуелот помеѓу Барса и Јувентус на Интернационалниот куп. Каталонскиот клуб славеше со 2:1 во овој дуел, а Нејмар ги постигна двата гола за Барса.
Меѓутоа, Меси и Суарез очигледно не биле свесни дека Нејмар веќе одлучил да се пресели во Париз, бидејќи тогаш веќе стана јасен планот за да се активира неговата откупна клаузула. Нејмар пред десет дена се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра, а изминатиов викенд со гол дебитираше во дресот на новиот клуб.