Дома Фудбал Италија Меси доби понуда од Серија А, но не од Интер

Меси доби понуда од Серија А, но не од Интер

Лионел Меси е во центарот на вниманието откако синоќа стана јасно декка побарал да си замине од Барселона.

Аргентинецот испратил факс во клубот со кој го известува дека сака да го напушти „Камп Ноу“ ова лето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веќе почнаа шпекулации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а денес Сампдорија преку Твитер испрати понуда до Меси.

„Последен пат кога проверивме, нашата ‘десетка’ беше слободна“, се пошегуваа од Сампдорија.

Тоа не е крај. На нивната објава се надоврза легендата на клубот, Роберто Манчини кој своевремено го носеше дресот со број 10.

„Со задоволство би му ја предал ‘десетката’ на Меси“, напиша Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пекол во ЛШ: Му се предвидува нов срам на Мурињо?!

УТрово се појави веста дека Жозе Мурињо е пред враќање во Бенфика. Португалецот во почеток…