Дома Фудбал Меси: Да ги оладиме главите и да се вратиме подобри

Меси: Да ги оладиме главите и да се вратиме подобри

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси беше заоволен од она што го покажа во последниот натпревар оваа сезона во Ла Лига и истакна дека направен е чекор напред.

Барселона во неделата го совлада Алавес со 5:0 и на тој начин заврши сезоната во Примера.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Беше тешко да се игра со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме. Но, одговоривме на вистински начин и покажавме став кој претставува чекор напред. Најважно е што бевме самокритични. Тоа моравме да го направиме за да сфатиме некои работи. Оба не беше одлична сезона во поглед на она што го покажавме на теренот и резултатит. Но денес потврдивме дека можеме подобро“.

Аргентинецот во победата на својот тим придонесе со два гола. Сезонава вкупно постигна 25 и веројатно ќе ја добие наградата за најдобар стрелец во првенството.

„Убаво е кога добивате индивидуални награди, но за мене тие се во втор план, подобро би било да ја имам титулата во Ла Лига“.

Барселона сега ја очекува пауза пред продолжување на сезоната во Лигата на шампионите во која треба да одигра реваншот против Наполи.

„Потребна ни е пауза да ги оладиме главите и да се вратиме со повеќе ентузијазам. Веќе е кажано, сега е време да се работиме и да бидеме најдобри што можеме“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…