Аргентинецот, Лео Меси се уште не го продолжил својот договор со Каталонците, иако челниците тврдеа дека ќе се случи спротивното.
Меси уште од поодамна се поврзува со преминување во Манчестер Сити, со оглед на тоа дека нивни предводник е долгогодишниот соработник на Аргетнинецот во дресот на Барселона, Пеп Гвардиола. Ова го поттикнаа дополнително и аргентинските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Меси тешко ја поднесе разделбата со Нејмар, а на своите соиграчи им соопшти дека сериозно планира да премине во редовите на Манчестер Сити. Исто така нема мотив во Барселона со оглед на случувањата во Каталонија, а и визијата на клубот“, се вели во медиумите во Аргентина.
Познато е дека Сити за Меси е подготвен да издвои 45 милиони евра за потпис на пет години, плус 27 милиони евра по сезона.