Лука Модриќ ова лето остана во Реал Мадрид, но повеќе не е недопирлив во тимот на „кралевите“ и почнаа критики на негова адреса.
Поради тоа Хрватот би можел уште во јануари да ја промени средината, а силен интреес за него покажува Интер Мајами.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Клубот од МЛС лигата може да достави понуда веќе во јануари, кога ќе биде последна шанса за „кралскиот клуб“ да добие трансферна сума, бидејќи договорот на играчот истекува следното лето.
Меси лично го препорачал Модриќ и сака да го има во својот тим, па Интер Мајами веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Интер Мајами ова лето донесе неколку ѕвезди во тимот како Меси, Бускетс и Алаба, па Модриќ може да биде следната голема ѕвезда.