Дома Топ вести Меси во договорот со ПСЖ има необична клазула

Меси во договорот со ПСЖ има необична клазула

Лео Меси од вчера е играч на ПСЖ. Се претпоставува дека за ПСЖ потпиша до 2023. година со можност за продолжување на договорот за уште една година.

По сезона ќе заработува помеѓу 35 и 40 милиони евра, во зависност од бонусите. Аргентинецот на аеродромот во Париз го пречекаа илјадници навивачи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


ПСЖ направи се што можеше да го донесе од Барселона, каде Меси растеше 21 година. TyC Sports пишува дека во договорот на Меси има посебна клазула.

Станува збор за настапите во аргентинската репрезентација. На Меси секогаш му е приоритет настапот за репрезентацијата, а поради тоа ПСЖ ќе му овозможи да пропушти натпревари за клубот кога ќе се врати од репрезентативен настап.

Меси со Аргентина ова лето ја освои Копа Америка и тоа му е прв трофеј со репрезентацијата. За Аргентина одигра 151 натпревар и постигна 76 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…