Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс е еден од најдобрите фудбалери на Наполи, но влезе во последната година од договорот, па има многу шпекулации за неговата иднина.
Мертенс има договор со Наполи до крајот на сезоната и најверојатно ќе го напушти клубот како слободен агент на лето.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Многу клубови се заинтересирани за Белгиецот, но „Кориере дело Спорт“ тврди дека најдобрата понуда за Мертенс ја испратил Монако.
Клубот од „кнежевството“ му нуди на Мертенс плата од 5 милиони евра по сезона плус 5 милиони евра бонус при самиот потпис.
Imagine getting Dries Mertens for free this summer. ? pic.twitter.com/YgmmVMy6iU
— Elorm (@CFCElorm) February 13, 2020