Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс после седум години ќе го напушти италијанскиот клуб.
Мертенс во Наполи пристигна од ПСВ и за седум години одигра повеќе од 300 натпревари, но ерата во овој клуб полека доаѓа кон крајот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сите преговори околу продолжување на договорот паднаа во вода и Мертенс како слободен играч ќе го напушти клубот, а според последните информации ќе остане во Серија А.
За Мертенс интерес покажаа неколку европски клубови, но медиумите тврдат дека Милан веќе ја добил битката за неговиот потпис и постигнал договор со Белгиецот.
Мертенес сака да остане во Италија и медиумите најавија дека следната недела треба да пристигне официјална потврда.
? @TDfichajes : Milan in contact with Dries Mertens' agent the official announcement could be announced next week.
— TeamMilanAC (@TeamMilanAC) May 4, 2020
Good signing ? pic.twitter.com/Fny9bIIcdH