Веќе одамна се шпекулира дека Манчестер Јунајтед наскоро може да остане без напаѓачот Ентони Марсијал.
Имено, Марсијал беше во втор план кај Мурињо, а тоа го чинеше и место во селекцијата на Франција која наскоро ја започнува својата авантура на Мундијалот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Поради тоа се појавија информации дека Марсијал сака да го напушти Јунајтед, а сега тоа го птврди и неговиот менаџер Филипе Ламболеј.
„Дали донесе одлука за својата иднина? После многу размислување за сите можни опции, Марсијал заклучи дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед.“ – изјави Ламболеј во разговор за РМЦ Спорт.
За сега како најсериозен заинтересиран кандидат за неговите услуги се наведува Јувентус.