Победнички се враќа Адем Мекиќ во Скопје за да се стави во служба на нашиот репрезентативен колектив. Изминатиот викенд, со својот клуб Задар, стигна до првиот трофеј во оваа сезона – Купот на Хрватска, па по кратко одмор, веќе е на тренинг со „црвено-жолтите“.
Нашето крило ги знае квалитетите на првиот противник во квалификациите за Евробаскетот 2025. И верува дека Македонија пред своите навивачи во петок навечер од 19.часот, во СРЦ „Кале“ предводена од поискусните играчи ќе дојде до триумф против тимот од Балтикот:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Естонија е репрезентација што добро ја познаваме и на која и ја препуштаме фаворитската улога. Главна одлика им е агресивноста во играта, инсистираат на брза кошарка и мислам дека во последните години играат феноменална кошарка.
Сепак, ние сме домаќини, играме пред нашите навивачи. Имаме релативно млада селекција надополнета со искусни и квалитетни кошаркари. Наше е да излеземе на терен и да го дадеме максимумот, верувам во позитивен резултат. Имаме врвни играчи како Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, потоа Бојан Крстевски кои имаат енормно големо искуство и квалитет, надополнети со нашата релативна младост и знаење, така што се надевам на добра игра и позитивен резултат за нас“ – вели Мекиќ.