УФЦ Ѕвездата Конор Мекгрегор бил уапсен во Мајами.
Ирецот бил уапсен пред еден хотел откако одземал и скршил телефон на фан кој сакал да го фотографира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Конор не запрел тука. Откако го удрил телефонот од земја, неколку пати го нагазил со него, а потоа остатоците ги собрал и ги земал со себе.
Мекгрегор сепак не стигнал далеку. Набрзо полицијата го уапсила и ирскиот борец завршил зад решетки со кауција од 12.000 долари.
Не се ова први проблеми кој Мекгрегор ги имаше со американската полиција. Во април минатата година го нападна автобусот со УФЦ борците после што беше уапсен во Њујорк.
Иако беше обвинет за три точки, помина без казна и мораше да одработи друштвено корисна работа, која ја изврши минатата недела во црква во Бруклин.
Кауцијата овој пат без проблем ќе ја плати, но останува да видиме дали Ирецот ќе добие дополнителна казна.
MMA star Conor McGregor was charged with felony strong-armed robbery and criminal mischief after police say he slapped a phone out of a fan's hand and stomped on it https://t.co/YMbWiU8qiG pic.twitter.com/eM5ahtxkqV
— CNN Breaking News (@cnnbrk) March 12, 2019