Дома Останати Мекгрегор сега знае како би го победил Флојд!

Мекгрегор сега знае како би го победил Флојд!

mekgregor

Ирскиот борец Конор Мекгрегор посакува реванш со Флојд Мејведер, но овој пад на „домашен“ терен.

Мекгрегор во август оваа година влезе во боксеркиот ринг и боксуваше против Американецот, Флојд Мејведер. Сега Ирецот смета дека би требало да одржат борба и на негов терен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој за ББС на премиерата на документарниот филм „Конор Мекгрегор – Ноториус“, изјави дека сега е фокусиран на октагон.

„Се соочив со Флојд на негов терен со т.н најдобриот од најдобрите и лесно излегував на крај со него се додека не се изморив, тогаш бев запрен“, зборуваше Мекгрегор.

Мејведер со победата над Ирецот оствари соврешен рекорд од 50 победи, без ниту еден пораз, а двајцата заработија огромна сума на пари во една од најскапите борби во историјата.

Мекгрегор смета дека се знае како да го победи Мејведер бидејќи би го променил режимот на тренирање.

„Тој беше тактички генијален. Го промени својот план три пати и тоа е знак на вистински шампион. Кога би имале нова борба, би се прилагодил  со што би пронашол потежок спариг партнер кој во подоцнежните рунди би ме напаѓал и би ми се заканувал“, додава Мекгрегор.

Неговите спаринг партнери беа брзи, лесни и агресивни во нападот, па сега смета дека со изборот на поинаков тип на партнер би можел да го победи 40 годишниот боксер.

Кога станува збор за реванш, Мекгрегор истакна дека нема да го повикува Флојд.

„Тој се пензионираше, нема да го повикувам. Го почитувам она што го направи. Но следната борба ќе биде да го одбранам својот УФЦ појас во лесна категорија“, истакна Ирецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…