Алексис Санчез ова лето готово сигурно ќе го напушти Арсенал, а еден од најзаинтересираните клубови за неговиот потпис е Пари Сент Жермен.
Доколку им се верува на француските медиуми Санчез веќе одбрал куќа во столицата на Франција кој чини 11 милиони евра.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
За потписот на Санчез силен инетрес покажаа Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид, меѓутоа „светците“ му ги задоволиле финансиските амбиции и му понудиле најдобар договор.
Медиумите тврдат дека Чилеанецот во Париз ќе заработува неверојатни 18 милиони евра, сума која никој друг клуб не е спремен да му ја даде.