Дома Трансфер зона Медиумите од Рим тврдат: Савиќ наскоро потпишува!

Медиумите од Рим тврдат: Савиќ наскоро потпишува!

За некои клбуови имаше премалку време за да се засилат, а за навивачите на Лацио овој преоден рок трае како вистинска вечност.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ според последните информации на медиумите блиски до клубот од Рим ќе остане во Лацио, а наскоро би можел да стави потпис и на нов договор.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Играчот за врска на Лацио се поврзуваше со бројни клубови, околу неговото име се вртеа огромни бројки, но Лотито не сакаше да го продаде својот играч, а дефинитивно нема лесно да се откаже од него и во наредните преодни рокови.

Последен во низата беше Милан, дури и денес во некои медиуми се појави план според кој наводно Савиќ ќе се пресели во Рим.

Матеја Кежман агентот на српскиот играч за врска до крајот на преодниот рок ќе има задача да му обезбеди што подобри услови, а јасно е дека Србинот ќе добие зголемување на платата.

Сергеј добро ќе ги наплати одличните настапи во дресот на Лацио, а Лотито ќе инсистира да се зголеми неговата откупна клазула со цел да се обезбеди за преодните рокови кои следат.

Актуелниот договор на Сергеј истекува 2022 година, а како што пренесуваат италијанските медиуми тој ќе биде продолжен на дополнителна уште една година, наскоро се очекуваат и сите детали околу новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…