Утрово се појави изјава на бразилската легенда дека стратегот на Флуминенсе Фернандо Диниз ќе биде новиот селектор на Бразил, но сега медиумите имаат поинакви информаци. Навордно во Бразил тргнале по Карло Анчелоти.
„Кариоките“ имаа големи очекувања како и секој Мундијал, но Хрватска ги елиминираше на пенали во четвртфинале. Тите по поразот ја напушти селекторската позиција, а Бразилците сега се во потрага по човек кој во иднина ќе им ја донесе таа шеста светска титула
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Локалниот весник „УОЛ“ пишува дека Карло Анчелоти сега е на првата позиција на нивната листа со желби, потсетувајќи дека Италијанецот ја остави таа можност отворена минатиот октомври по разговорите со Бразилската федерација.
Наводно, неговата идеја е да ја заврши оваа сезона со Реал Мадрид, а потоа, една година пред истекот на договорот, да го напушти „кралскиот клуб“ и да го преземе кормилото на Бразил.
Секако, постои можност Анчелоти паралелно да ја води репрезентацијата на Бразил и Реал Мадрид.