Дома Фудбал Англија Мегваер останува без капитенската лента

Мегваер останува без капитенската лента

Како што стојат работите, Манчестер Јунајтед во новата сезона ќе има нов капитен.

Островските медиуми пренесуваат дека Ерик тен Хаг пред почетокот на подготовките дефинитивно одлучил англискиот репрезентативец Хари Мегваер да не ја носи лентата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Клубот се обидува да го продаде стоперот, што оди доста тешко, а Мегваер вториот дел од минатата сезона го мина најмногу на клупата за резерви.

Се верува дека улогата на капитен ќе ја добие играчот од средниот ред Бруно Фернандеш, кој во изминатите месеци ја извршуваше оваа улога како замена.

Веста доаѓа по разделбата со голманот Давид де Хеа, со кој клубот не го продолжи договорот по 12 години соработка.

Јунајтед е во преговори со неколку голмани, но се верува дека замена за Шпанецот ќе биде Камерунецот Андре Онана, чуварот на мрежата на Интер.

Тој веќе бара стан во Манчестер додека двете страни преговараат за висината на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот догово…