Дома Македонски спорт Мак фудбал МВР покрена истрага за три „местенки“ во македонското првенство!

МВР покрена истрага за три „местенки“ во македонското првенство!

Инспектори од Министерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со одделот за интегритет и безбедност во Фудбалската федерација на Македонија отворија истрага за евентуално наместени три натпревари одиграни во пролетниот дел од Македонската фудбалска лига.

До одделот за интегритет во ФФМ преку телефонската линија за пријавување неправилности на фудбалските натпревари 0800-15-800 прифатена е дојава за недозволено влијание и нерегуларности на три натпревари од МФЛ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Одделот за интегритет во рамки на ФФМ одлучи случајот да го предаде на полицијата од која ќе бара истрага. Органите и телата при ФФМ ќе спроведат истрага, веќе формираа предмети во насока на утврдување на вистината и регуларноста на исходот на натпреварите кои сега се предмет и на МВР“, изјави Роберт Марковиќ, раководител на одделот за интегритет и безбедност во ФФМ.

Инаку во информацијата која ФФМ ја објави на својата интернет страница не се посочени кои натпреварите се под истрага на МВР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…