Дома Топ вести Мбапе утрово ги изненади сите во ПСЖ: Не е како Нејмар…

Мбапе утрово ги изненади сите во ПСЖ: Не е како Нејмар…

Килијан Мбапе беше најдобар стрелец на Светското првенство со осум постигнати гола, сега има вкупно 12 на Мундијалите.

Во финалето Мбапе постигна хет-трик и го одведе натпреварот во продолженија. Фудбалерите кои играа во завршницата на Светското првенство имаа право на седум дена одмор од своите клубови, а следната недела продолжуваат натпреварите во дел од првенствата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одморот Меси ќе го помине во Росарио, меѓутоа Мбапе ги изненадил челниците на ПСЖ. Имено, тој порачал дека не му треба одмор и утрово се појави на тренингот на својот клуб.

Мбапе на тренингот се појави само 72 часа по одиграното финале за Франција. Треба да се спомене дека за разлика од Мбапе, Нејмар кој настапот на СП го заврши пред десетина дена се уште не е вратен во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Времето лета: Синот на Вејн Руни доби максимална понуда и е на прагот на големата сцена

Времето „лета“ и тоа ни го докажува и Кај Руни, шеснаесетгодишниот син на најголемата леге…