Младата ѕвезда на светскиот фудбал, Килијан Мбапе не крие дека идол од детството му бил Зинедин Зидан и отки интересна анегдота.
Мбапе во разговор со француските медиуми откри дека Зидан го запознал неколку дена пред својот 14-ти роденден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш „кралскиот“ клуб го скаутирал Мбапе додека тој се уште бил член на француски Бонди. Мбапе бил во преговори со Реал Мадрид, а тогаш за скаутирање на младите играчи бил задолжен токму Зидан.
„Се сеќавам дека одев на тренинг, а Зидан имаше состанок со нас на паркинг. Тој ни понуди превоз и кога влегов во автомобилот, го прашав дали треба да ги соблечам патиките. Тој се насмеа и ми кажа да влезам и дека нема проблем. Не можев да поверувам дека сум во неговиот автомобил“, кажа Мбапе.