Дома Трансфер зона Мбапе нема да стане играч на ПСЖ доколку…

Мбапе нема да стане играч на ПСЖ доколку…

За да ги заобиколи правилата на УЕФА во врска со финансискиот фер-плеј, Монако и ПСЖ се договорија Килијан Мбапе прво да пристигне на едногодишна позајмица на „Паркот на принцовите“, а потоа во јуни 2018. година и официјално да стане член на клубот од главниот град.

Во договорот кој го склучиле трите страни постои клаузула според која може да се случи соработката да не биде завшрена според планот. Како што пишува угледниот „Le Parizien“, постои клаузула според која ПСЖ нема да има обврска да плати 185 милиони евра за Мбапе, а тоа е само доколку оваа сезона испаднат од првата лига.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


На секого е јасно дека станува збор за исмејување на правилата, бидејќи ПСЖ е главен фаворит за титулата во Франција, а ќе биде и еден од главните кандидати за трофејот во ЛШ.

Ова лето, „Светците“ веќе потрошија 222 милиони евра за трансферот на Нејмар од Барселона, односно самиот фудбалер го откупи својот договор од Каталонците, но без сомнение, тие трошоци ќе му бидат надокнадени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, …